Општински натпревар по латински јазик

Учениците од нашата Гимназија имаат можност да проучуваат повеќе странски јазици. Оние кои сметаат дека знаењето на латинскиот јазик ќе им биде неопходно во нивното понатамошно образование го изучуваат овој класичен јазик. За учениците да го проверат и потврдат своето знаење на латинскиот јазик, по вторпат, беше организиран Општински натпревар по латински јазик.

IMG_20160316_102500
IMG_20160316_102505
IMG_20160316_102513
IMG_20160316_102520
IMG_20160316_102532
IMG_20160316_102552
IMG_20160316_103018
1/7 
start stop bwd fwd

 

Натпреварот се одржа 19.3.2016 година во просториите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес. На натпреварот учествуваа тринаесет ученици од трета година од нашето училиште. Најдобри резултати постигнаа следните ученици: Андреј Кодовски кој го освои првото место, Цветанка Ацева го освои второто место, а третото место го поделија: Миранда Адеми, Моника Таневска, Бесим Рамаданов и Елена Ќимовска.

На натпреварот учествуваа и учениците: Јанче Коцев, Сара Тодоровска, Олга Миљковиќ, Александра Настова, Трајче Андреев, Наталија Тасиќ и Габриела Ѓорѓиева кои, исто така, покажаа солидни познавања на јазикот. На наградените ученици им честитаме, а на останатите им посакуваме повеќе успех на следните натпревари.

Одговорен наставник

Лилјана Стрезовска-Темовска

Googlе Translate

Присутни

Денес76
Вчера121
Оваа недела507
Овој месец3370
Вкупно1058427

Во моментов присутни

1
корисници

Четврток, 21 Септември 2023 13:12
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија