Меѓународен натпревар по латински јазик Elex Vestibulum

Европското здружение на класични филозофи, „Еурокласика“, секоја година го организира Меѓународниот натпревар по латински јазик Elex Vestibulum. Учениците од средните училишта кои го изучуваат овој класичен јазик имаат можност да ги покажат своите знаења за латинскиот јазик ,значаен за европската литература, наука и култура воопшто.

1
2
1
2
1/2 
start stop bwd fwd

 

Оваа година натпреварот се одржа на 26 јануари 2018 година,а на истиот учество земаа и нашите ученици. Со гордост можеме да кажеме дека сите наши учесници покажаа исклучително солидни знаења.Со златна диплома се закитија учениците од четврта година:

Натали Андовска, Тијана Темелкова, Александра Трајковска, Паула Павлова, Сибил Алидини.

На учениците им честитаме за врвниот успех и им посакуваме и понатаму високи достигнувања.

Одговорeн професор:Лилјана Стрезовска Темовска

Googlе Translate

Присутни

Денес143
Вчера560
Оваа недела2895
Овој месец6329
Вкупно684337

Во моментов присутни

6
корисници

Недела, 17 Јануари 2021 06:22
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија