Повторно меѓу најдобрите

На ден 24.03.2018 година (сабота) во просториите на ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, се одржи регионален натпревар по предметот Хемија. Учество земаа 80 ученика од основните и 29 од средните училишта на територијата на Општина Чашка, Велес, Градско, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Валандово и Дојран.

1

 

Учениците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес се натпреваруваа во прва и трета категорија под менторство на професор Марјан Стојановски и постигнаа одлични резултати.

- Михаил Донев – ученик во III1 клас, го освои првото место во III категорија

- Тамара Трајановска – ученичка во I5клас – пофалница

- Александра Митева – ученичка во III5клас – пофалница

- Нерков Иво – ученик во III5клас – пофалница

 

Искрени честитки за сите учесници во натпреварот, а на наградените понатамошни успеси!

 

Посебна благодарност до колегите од нашето училиште Пале Трпкова, Атанас Зафиров, Крсте Шупев и Билјана Кимова кои беа ангажирани како тестатори на натпреварот.

 

 

Одговорeн професор:Марјан Стојановски

Googlе Translate

Присутни

Денес548
Вчера496
Оваа недела2624
Овој месец7906
Вкупно735572

Во моментов присутни

7
корисници

Петок, 14 Мај 2021 22:08
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија