Футсал натпревари во машка конкуренција при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ - Велес

Во рамките на активностите на Сојузот на училишен спорт при општина Велес, беше реализирана лига во футсал за ученици од средното образование.

1
2
1
2
1/2 
start stop bwd fwd

 

Учество земаа пет екипи и тоа:

СОУ „Гимназија Кочо Рацин” - Велес, ССОУ „Јовче Тесличков” - Велес, ССОУ „Коле Неделковски” - Велес, ССОУ “Димитрија Чуповски” -Велес и ДСУ „Спортска Академија”.

 

Првото место го освои СОУ „Гимназија Кочо Рацин”. Натпреварите беа многу интересни и крајно неизвесни со многу промени на резултатот.

 

Следно натпреварување за првопласираната екипа беше зонското натпреварување во рамките на Зона Велес.

 

Екипата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин” и на зонскиот натпревар беше поуспешна од екипата на СОУ „Богданци од Богданци и се стекна со право на учество на Регионалниот натпревар во рамките на Источниот регион каде учествуваа четири екипи од следниве зони: Велешка, Кочанска, Кумановска и Струмичка зона.

 

На регионалното натпреварување екипата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ беше поразена од екипата на ССОУ „Никола Карев” од Струмица во еден многу интересен и возбудлив натпревар.

 

Честитки до победничката екипа, која со оваа победа се пласира на Гимназијада, која оваа година ќе се одржи во Тетово.

 

Актив по спорт и спортски активности

Ментор: професор Славчо Давитковски

Googlе Translate

Присутни

Денес537
Вчера496
Оваа недела2613
Овој месец7895
Вкупно735561

Во моментов присутни

5
корисници

Петок, 14 Мај 2021 21:49
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија