The World Scholar’s Cup

На 11 и 12 Април 2018 година во Струмица се одржа натпреварот The World Scholar’s Cup! Ова е меѓународен настан со натпреварувачки карактер во кој учествуваат ученици од основните и средните училишта од повеќе земји во светот.

1
2
3
4
5
6
7
1/7 
start stop bwd fwd

 

За нашата земја, оваа година настанот беше организиран во Струмица, а од нашето училиште учествуваа околу 70 ученици кои беа поделени во тимови од 3 ученика. Натпреварите беа во јуниорска и сениорска категорија, а се натпреваруваа тимски, но и индивидуално, во неколку настани: пишување есеи, квизови од познавања по области (наука, историја, уметност, општество, итн.), дебата, забавно-натпреварувачки квиз по општи знаења, шоу на таленти.

Нашите ученици освоија над двеста златни и сребрени медали, две официјални покани и неколку квалификации за глобалниот натпревар во Барселона.

Честитки на сите ученици.

 

Googlе Translate

Присутни

Денес429
Вчера590
Оваа недела429
Овој месец14324
Вкупно774816

Во моментов присутни

3
корисници

Понеделник, 26 Јули 2021 19:17
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија