КОШАРКАРКИТЕ – ПРВИ ВО ОПШТИНАТА

По повод Патрониот празник на ССОУ „Димитрија Чуповски“, на 7 ноември 2018 година, се одиграа општинските натпревари во кошарка – младинки.

1
2
3
4
5
1/5 
start stop bwd fwd

 

Тимот на Гимназијата во состав: Сања Илиевска (капитен), Ивана Андреевска, Тамара Мишеска, Надица Камчева, Ивона Србова, Марија Алексовска, Викторија Хаџиева, Кристина Димова, Сара Андреева и Марија Недева, одигра два натпревари, и во двата славеше сигурни победи. Првиот натпревар против тимот на СОУ „Јовче Тесличков“ го добивме убедливо, што остави простор сите кошаркарки да добијат шанса да настапат. Во финалниот натпревар против тимот на ССОУ „Димитрија Чуповски“, гимназијалките покажаа зрела и стабилна игра и го контролираа резултатот од првата до последната минута.

Со освојувањето на првото место, покрај кошаркарите и кошаркарките се квалификуваа за зонските натпревари, каде противници ќе ни бидат тимовите од Гевгелија, Валандово и Дојран. Среќно на наредните натпревари.

Водач на тимот, Зоран Јованов

 

Googlе Translate

Присутни

Денес76
Вчера121
Оваа недела507
Овој месец3370
Вкупно1058427

Во моментов присутни

1
корисници

Четврток, 21 Септември 2023 13:15
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија