ОДБОЈКАРКИТЕ – ПРВИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Женскиот одбојкарски тим на Гимназијата, исто како и предходните години, така и оваа, извојува две убедливи победи против СОУ „Димитрија Чуповски“ и СОУ „Јовче Тесличков“ и се пласираше на првото место во нашата општина, со што се квалификуваше на зонските натпревари.

1

 

Тимот беше во состав: Ана Зафирова, Мартина Димовска, Лилјана Хаџи-Наумова, Вероника Анастасова, Даниела Николовска, Елена Димова, Ива Донева, Ивона Србова, Јана Гулева, Марија Богоевска, Николина Грујова, Ребека Николова, Сара Христова, Сара Николова, Теона Петрова и Викторија Ванчевска, а под менторство на професорите: Петре Петрушевски и Илија Попов.

 

Се надеваме на голем успех на зонскиот и на регионалниот натпревар, како и пласман меѓу најдобрите шест тима во Македонија, исто како и претходната година. Девојки, со среќа на наредните натпревари!

 

Одговорни професори: Петре Петрушевски и Илија Попов

 

Googlе Translate

Присутни

Денес194
Вчера317
Оваа недела816
Овој месец8140
Вкупно1020943

Во моментов присутни

4
корисници

Среда, 29 Март 2023 21:01
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија