Во Валандово, во спортската сала „Филип Втори“, се одигра првиот турнир од Зонската лига за средни училишта во одбојка за младинки за средни училишта на кој настапија: СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.
Нашиот одбојкарски тим беше во состав: Ана Зафирова, Мартина Димовска, Лилјана ХаџиНаумова, Вероника Анастасова, Даниела Николовска, Ива Донева, Ивона Србова, Марија Богоевска, Николина Грујова, Сара Николова, Теона Петрова, Викторија Ванчевска, а под менторство на професорите: Петре Петрушевски и Илија Попов.
Со двете победи на одбојкарскиот тим на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес тој е прв во зоната Велес – регион Исток. Натпреварите продолжуваат на вториот турнир во Велес, кој ќе се одржи на 11 декември 2018 година.