УЧЕНИЦИ ОД СОУ „ГИМНАЗИЈА КОЧО РАЦИН“ – ВЕЛЕС, НАЦИОНАЛНИ ПРВАЦИ

На 27 март 2019 година, на Економскиот факултет во Скопје, се одржа националниот натпревар „Европски квиз на парите“. Европскиот квиз на парите за првпат се одржа кај нас, при што учество земаа над 3000 ученици од основните и средните училишта. Основната цел на овој натпревар е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години. Иницијатор на овој натпевар во земјава е Македонската банкарска асоцијација, која го организира квизот во соработка со Народна банка, Министерството за образование и наука и Комисијата за хартии од вредност.

1
2
3
4
5
6
7
1/7 
start stop bwd fwd

 

Учениците од Гимназијата земаа учество со два тима и тоа: тим 1 – Марко Инѓилизов и Викторија Панова од I-1 клас, под менторство на професор Марјан Стојановски; тим 2 – Филип Јованов и Симона Мицевска од I-2 клас, под менторство на професор Славица Спасевска.

 

Двајца ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, имаа најдобри резултати на националното финале: Марко Инѓилизов и Викторија Панова се прогласени за национални победници и ќе ја претставуваат нашата земја на финалето на Европски квиз на парите, што ќе се одржи на 7 мај 2019 година во Брисел, Белгија.

 

Им честитаме на постигнатиот успех и им посакуваме одлични резултати на Европското финале. Повеќе информации на следниов линк.

 

 

 

 

 

Googlе Translate

Присутни

Денес430
Вчера556
Оваа недела3233
Овој месец5022
Вкупно594923

Во моментов присутни

3
корисници

Недела, 12 Јули 2020 19:13
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија