ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ПРВИ ВО КВИЗОТ ОД ОБЛАСТА НА ПП ЗАШТИТА

Во месец ноември, во салата „Бели мугри“, по 37. пат се одржа Општинскиот квиз-натпревар од областа на противпожарната заштита, на кој учество земаа сите основни и средни училишта од Општина Велес.

1

Нашата Гимназија беше претставувана од тимот во состав: Стефан Ристовски, Драгана Ристова од III-4 клас и Тамара Трајановска од III-5 клас, под менторство на наставник Зоран Јованов.

Тимот на Гимназијата заслужено го освои првото место во категоријата јуниори – средни училишта, со демонстрација на квалитативно знаење, победувајќи со голема бодовна разлика пред останатите училишта.

Тамара, Стефан, Драгана, вие сте вистинските победници, Гимназијата се гордее со вас, честитки за постигнатиот успех и успех во понатамошните натпревари.

 

Одговорeн професор:Зоран Јованов

Googlе Translate

Присутни

Денес544
Вчера462
Оваа недела2400
Овој месец7430
Вкупно719937

Во моментов присутни

5
корисници

Петок, 16 Април 2021 22:45
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија