МЕЃУНАРОДНО ТЕСТИРАЊЕ ПО ЛАТИНСКИ ЈАЗИК „ELEX VESTIBULUM“

Во наставната програма за IV година гимназиско образование, јазично-уметничко подрачје, предвидено е продолжително изучување на латинскиот јазик. Учениците од ова подрачје имаат можност да учествуваат на Меѓународното тестирање по латински јазик во организација на европското здружение на класичари – Еурокласика.

На ова тестирање, што се спроведе на 23 декември 2019 година, нашата гимназија ја претставуваа учениците: Никола Арсовски и Елмије Емрулова, кои постигнаа високи резултати. Ученикот Никола Арсовски се закити со златна диплома, додека ученичката Елмије Емрулова со сребрена диплома. Учениците работеа под менторство на професорот по латински јазик – Лилјана Стрезовска-Темовска.

На учениците им честитаме за исклучително успешниот пласман и им посакуваме успеси и во иднина.

Одговорeн професор:Лилјана Стрезовска-Темовска

 

Googlе Translate

Присутни

Денес195
Вчера507
Оваа недела1207
Овој месец8954
Вкупно818146

Во моментов присутни

8
корисници

Среда, 20 Октомври 2021 10:01
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија