ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА

На 22 февруари 2020 година, во ООУ „Блаже Конески“ – Велес, се одржа Општински натпревар по хемија за учениците од основните и средните училишта во Општина Велес. Учениците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес земаа активно учество, натпреварувајќи се во три категории и постигнаа одлични резултати.

Учениците: Емили Митревска и Емира Хусовиќ од I-1 клас го делат првото место во I категорија; Филип Јованов од II-2 клас го освои првото место во II категорија; Филип Чоков од II-3 клас го освои второто место во II категорија; Сара Николова од III-3 клас доби пофалница.

Натпреварувањето го продолжуваат: Емили Митревска, Емира Хусовиќ, Филип Јованов и Филип Чоков.

Искрено им честитаме на сите учесници на натпреварот, а на оние кои го продолжуваат натпреварувањето им посакуваме успеси.

Ментори:

Марјан Стојановски

Петранка Стојанова

 

Googlе Translate

Присутни

Денес244
Вчера385
Оваа недела1442
Овој месец9904
Вкупно698582

Во моментов присутни

2
корисници

Четврток, 25 Февруари 2021 15:01
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија