НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

На 15 февруари 2020 година, се одржа Општински натпревар по биологија, во просториите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.

1
1/1 
start stop bwd fwd

 

На натпреварот учествуваа 35 ученика од кои 22 од нашата Гимназија, од прва до трета година.

Резултатите што ги постигнаа учениците им овозможија учество на Регионалниот натпревар по биологија, кој ќе се одржи во просториите на ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес, на 28 март.

Нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:

Прва година: прво место – Ева Тодоров, ментор – Руска Мицева;

Втора година: прво место – Софија Димова, второ место – Ева Стојанова, ментор – Елизабета Николовска;

Трета година: второ место – Паола Кадиева и Трајче Гугуталиев, трето место – Тамара Трајановска, ментор Елизабета Николовска.

Честитки за учениците кои учествуваа на натпреварот и на оние кои освоија бодови за Регионалниот натпревар и се надеваме на уште подобри резултати на истиот.

Одговорeн професор:Елизабета Николовска

 

Googlе Translate

Присутни

Денес25
Вчера155
Оваа недела864
Овој месец314
Вкупно1040538

Во моментов присутни

3
корисници

Сабота, 03 Јуни 2023 05:33
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија