Во периодот од 24 јули до 30 јули, градот Сомбор во Р. Србија беше домаќин на тренингот под име ,,Отворен ум без граници“ преку програмата ,, Еразмус +“.
Нашето училиште учествуваше со дванаесет ученика и двајца професори.
Преку програмата за овој тренинг се презентираше културата, историјата , уметноста и традицијата (облека, музика , игри), како и други аспекти на градовите и државите од кои доаѓаат учесниците: Унгарија, Хрватска, Србија. Целта беше да се видат разликите меѓу учесниците во проектот, почитувањето на истите, начинот на размислување и разните активности со кои учесниците се претставија на обуката.
Учениците присуствуваа на секојдневни активности на кои комуницираа на англиски јазик. Преку низа активности, тие се здобија со нови вештини и тоа преку работилници, организирани случувања, традиционални игри . Учениците беа воодушевени од програмата и од тренерскиот тим со надеж за повторно видување на следен тренинг. Активностите секојдневно завршуваа со пишување на пораки на денот и евалуација –рефлексија на сработеното.
Учениците со отворени умови , беа спремни да научат за разликите , да ги надминат предрасудите , да ги прошират хоризонтите на нивото размислување, како и да добијат искуство и мотивација за нивен понатамошен успешен живот.
Одговорни професори: Елизабета Николовска и Петре Петрушевски