Во согласност со приоритетите поставени од Европската комисија и потребите на наставниците за нови пристапи во изучувањето на математика и природни науки, новиот проект newWerd (New way of educational research and development) беше одобрен во програмата Еразмус+ во клучната акција 2 - Стратешки партнерства за размена на добри практики од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.
Стратешкото партнерство е помеѓу четири училишта, Гимназијата Кочо Рацин –Велес како организација апликант и три партнерски училишта од Романија, Италија и Португалија. Проектот ќе се реализира во период од две години, започнувајки од 1 септември 2017 година, а главната цел е кај учениците да ги развие таканаречените “STEM вештини“ (наука, технологија, инженерство и математика).
За професиите од иднината се потребни знаења и вештини како што се дигитални вештини, критичко размислување, соработка, тимски дух, иновативно и аналитичко размислување. Индивидуалните компетенции во предметите STEM (наука, технологија, инженерство и математика) стануваат се поважни за професиите на иднината, кои се засноваат на висока технологија. Затоа во образованието се потребни иновативни пристапи.
STEM е многу повеќе од групирање на предметни области. Тоа е движење кое треба да развие длабоки математички и научни основи кај учениците, кои треба да бидат конкурентни за работната сила во 21-от век.
Проектот се однесува на специфични приоритети кои имаат за цел зајакнување на профилот на професијата наставник, справувајќи се со сложени реалности во училницата и усвојување на нови методи и алатки. Освен тоа што наставникот пренесува знаење во училницата, наставникот има улога и да ги оспособи учениците да бидат креативни, мотивирани и да ги поучи како да вклучат и користат наука, математика и технологија во реални ситуации.
Тимот одговорен за проектот newWERD