РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ ПРЕКУ ПРОЕКТИ ВО ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

Почитувани ученици и родители,

СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во учебната 2018/2019 година, во рамките на програмата Еразмус+, реализира два проекти во клучната акција за стратешки партнерства за размена на добри практики во училишното образование, кои во своите предвидени активности вклучуваат краткорочни размени (обуки) за ученици.

Заинтересираните ученици ќе можат да аплицираат за една од претстојните обуки во рамките на проектите:

Проект: Мистеријата е во QR кодовите - кодирање и декодирање во наставата - QRs codes

Период на краткорочна размена на ученици: март-април 2019 година, Турција (5 ученика)

Проектот се однесува на инкорпорирање на QR кодови во наставата со цел наставата да биде поинтересна за учениците, да се открие едукативната вредност на телефоните и да се развие критичкото мислење кај учениците.

Проект: Мрежа за иновативен развој на НАНО во училиштата – find NANO

Период на краткорочна размена на ученици: февруари 2019 година, Италија (10 ученика)

Проектот промовира интердисциплинарен пристап преку вклучување на СТЕАМ методологијата во нанотехнологијата и имплементирање на НАНО образование врз основа на реални проблеми и иновативни пристапи.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ ЗА УЧЕСТВО НА КРАТКОРОЧНА РАЗМЕНА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+

  • Целна група наведена во проектната апликација: ученици од II и III година (16 - 17 години);

      *Надвор од целната група може да биде само ученик награден за претходна ангажираност и придонес во проектите од програмата Еразмус+, награден  за дизајн на лого.

  • Во учебната 2017/2018 и 2018/2019 година постигнале одличен успех и имале примерно поведение (доказ: свидетелство за учебна 2017/2018 година, успех во прв класификационен период за учебна 2018/2019 година, просечен успех, број на оправдани и неоправдани изостаноци, поведение);
  • Освоени награди, дипломи и пофалници во областа за која се однесува проектот (доказ: дипломи, сертификати, пофалници, потврди);
  • Претходно учество во воннаставни активности на училиштето и училишни проекти (доказ: потврди, сертификати, пофалници, мислење од професор ментор);
  • Познавање на англиски јазик (сертификат за познавање англиски јазик или оценката по англиски јазик);
  • Лични карактеристики: одговорни, способни за тимска работа, мотивирани за нови знаења и вештини (доказ: интервју со ученик, согледување од предметните професори);
  • Имаат солидни познавања од ИКТ технологија;
  • Мотивација да учествуваат на обуката (се однесува на проектот QR кодови): активно учество во проектните активности помеѓу размената, подготвени да ги споделуваат своите идеи и креираат содржини за часови со помош на ИКТ алатки, подготвени да учествуваат во училишни проекти поврзани со ИКТ, подготвени да креираат видеа и лекции, имаат желба да користат кодови;
  • Мотивација да учествуваат на обуката (се однесува на проектот find NANO): активно учество во проектните активности помеѓу размената, подготвени да ги споделуваат своите идеи и креираат содржини во наставата поврзани со науката и математиката, подготвени да учествуваат во училишни проекти поврзани со науката и математиката, сакаат да ги развијат вештините (наука, технологија, инженерство, уметност и математика) во учењето нанотехнологија;
  • (се однесува на проектот find NANO): Учениците покажуваат особен интерес и успех во природните науки и математиката;
  • Мотивациско писмо (Зошто јас да ја претставувам Гимназијата во овој проект? 200 збора на англиски јазик);
  • ИНТЕРВЈУ спроведено од Училишната комисија за проектите од Еразмус+;
  • Учениците кои ќе бидат дел од краткорочна размена во рамките на проектите од Еразмус+ програмата се согласни и се обврзуваат да примат во својот дом ученици на размена од земјите партнери на следната обука кога нашето училиште ќе биде домаќин.

 

Сите заинтересирани ученици може да го симнат Формуларот за аплицирање за една од краткорочните размени и истиот пополнет заедно со другите потребни документи (скенирани- симнете ја апликацијата CamScanner) да ги испратат на следниот email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 30.11.2018 година.

* Во предмет на email да се наведе име и презиме на ученикот и проектот за кој се аплицира.

** Некомплетен формулар за аплицирање и документација нема да биде предмет на разгледување.

** *Доколку имате прашања поврзани со апликациите може да ги поставите на професорите Мариче Лазаровска (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) и Христина Леова (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).

Симни ФОРМУЛАР

Googlе Translate

Присутни

Денес568
Вчера462
Оваа недела2424
Овој месец7454
Вкупно719961

Во моментов присутни

4
корисници

Петок, 16 Април 2021 23:25
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија