ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+

КЛУЧНА АКЦИЈА 1 – МОБИЛНОСТ НА НАСТАВЕН КАДАР

СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, како добитник на грант од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во учебната 2018/19 година, ќе реализира вкупно 6 обуки за 12 наставници од училиштето.

1
2
3
4
5
6
7
1/7 
start stop bwd fwd

 

Една од нив се однесува на Подготовка на ЕУ-проекти која се реализираше во периодот од 14 до 18 март 2019 година во Брисел, Белгија. Содржината на обуката е корисна за дизајнирање на проекти, утврдување на приоритети во училиштето, во согласност со приоритетите на Европската комисија, начин на аплицирање и менаџирање на добиени проекти.

Освен нашите наставници: Христина Леова и Билјана Миланова, на оваа обука која е организирана од страна на провајдерот Enjoy Italy, имаше учесници од Португалија, Германија, Италија, Ирска и Шпанија.

Покрај посетата на знаменитостите на Брисел, како дел од запознавањето на начинот на живот и културата на оваа Европска престолнина, на 18 март, сите учесници имаа можност да присуствуваат на презентацијата од страна на програмскиот офицер во Европскиот парламент.

 

Googlе Translate

Присутни

Денес79
Вчера121
Оваа недела510
Овој месец3373
Вкупно1058430

Во моментов присутни

2
корисници

Четврток, 21 Септември 2023 13:35
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија