ПРВА ТРЕНИНГ-ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „РЕШАВАЊЕ МЕДИЦИНСКИ МИСТЕРИИ СО МАТЕМАТИКА“ ВО ЕРАЗМУС+

СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ е учесник во проектот “Solving Medical Mysteries with Math“ во Програмата Еразмус+, во клучната акција – стратешко партнерство за размена на добри практики, заедно со три други средни училишта од: Шпанија, Португалија и Италија.

1
2
3
4
1/4 
start stop bwd fwd

 

Во текот на проектниот циклус, од септември 2019 до август 2021 година, ќе се реализираат активности со ученици и наставници чија цел ќе биде развивање на иновативни методи за подобрување на клучните компетенции по математика и наука кај учениците, јакнење на позитивни ставови за здрав начин на живот, охрабрување на учениците за кариерен развој во математиката и медицината, како и зајакнување на наставничката професија.

Во периодот од 4 до 9 ноември 2019 година, се реализираше првата тренинг-обука за наставници во Малага, Шпанија. На овој настан присуствуваа двајца наставници од нашето училиште, а целта на истиот беше разгледување на проектната апликација и распределба на одговорности и задачи. Во врска со темата на проектот, сите училишта ги презентираа своите добри практики во СТЕАМ. Учесниците дискутираа за имплементација на сите следни активности со ученици според проектната апликација.

Преку прошетки и еднодневни екскурзии, учесниците се запознаа со културата и традицијата на Малага и околните места, што претставуваше особено задоволство за сите.

Во наредниот период следи тренинг-обука за ученици во Италија.

Одговорни наставници: Мариче Лазаровска и Христина Леова

Googlе Translate

Присутни

Денес35
Вчера155
Оваа недела874
Овој месец324
Вкупно1040548

Во моментов присутни

2
корисници

Сабота, 03 Јуни 2023 06:43
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија