Активности од проектот Меѓуетничка интеграција во образованието

Продолжија активностите во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието, така што на 18 февруари дваесеттина ученици од македонска и албанска националност од нашата Гимназија ја посетија фабриката за вода ЈКП - Дервен.

При оваа посета се дефинираа целите на активноста, како и извршувањето на поставената задача – микробиолошко и физичко-хемиско прочистување на водата, на кој начин се прави тоа и кои средства се употребуваат .

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
01/13 
start stop bwd fwd

 

Учениците се запознаа со локацијата на фабриката, како и со информации од каде доаѓа водата што ја користиме за пиење, и на кој начин се врши нејзиното прочистување. Од страна на одговорно лице во фабриката, г-дин Тони Јовиќ, тие беа запознати со сите етапи на прочистување на водата - од доаѓањето на сирова вода од браната Лисиче се до финалната прочистена вода која доаѓа преку цевките во секое домаќинство.

Исто така, учениците и наставниците се запознаа со новата софистицирана опрема за автоматско хлорирање на водата во фабриката за преработка на вода при ЈКП - Дервен со што се следат најновите стандарди за безбедност во снабдувањето со вода.

Посетата заврши со поставување на прашања од страна на учениците, кои не го криеја задоволството од посетата и исцрпното објаснување на одговорните во фабриката.

Одговорен професор:

Елизабета Николовска

Googlе Translate

Присутни

Денес511
Вчера496
Оваа недела2587
Овој месец7869
Вкупно735535

Во моментов присутни

2
корисници

Петок, 14 Мај 2021 20:58
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија