Реализирани активности од проектот Меѓуетничка интеграција во образованието

Планираните активности во годишната програма за учебната 2015/2016 година по мајчин јазик во рамките на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието се реализираа на ден 2.3.2016 година помеѓу учениците од втора и трета година со настава на македонски и албански наставен јазик.

1
2
3
4
5
6
7
1/7 
start stop bwd fwd

 

Беа организирани три работилници во кои беа вклучени дваесет и четири ученици.

Истражуваа и презентираа содржини од подрачјето јазик и литература на следниве теми:

  • Граматички категории на именките во македонскиот и албанскиот јазик;
  • Просветителството како литературен правец во македонската и албанската книжевност;
  • Романтизмот како литературен правец во македонската и албанската книжевност и негови претставници;

Учениците од своите наставници по мајчин јазик претходно беа запознати со темите и содржините и им беа дадени насоки за реализација на истите.

Преку овие работилници учениците ја покажаа желбата за меѓусебна соработка и можноста да ги споделат меѓусебните знаења, но и да ги откријат разликите што постојат во двете литератури, македонската и албанската.

Изразија желба ваквите работилници да се случуваат почесто каде меѓусебно ќе се запознават и зближуваат.

Оваа активност беше проследена од координаторот на проектот, педагог, Бранка Донева и еден од членовите на проектот Елизабета Николовска, професор по биологија.

Одговорни наставници

Весна Павлова

Цветанка Карамаркова

Александра Стојановска

Магдалена Сарагинова

Линдита Маликова

Googlе Translate

Присутни

Денес510
Вчера496
Оваа недела2586
Овој месец7868
Вкупно735534

Во моментов присутни

3
корисници

Петок, 14 Мај 2021 20:48
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија