Библиотека

Книгата како најдобар пријател на човекот, секоја година во училишната библиотека донесува се поголем број љубители на убавиот пишан збор. Покрај основната улога, издавање и насочување на учениците кон библиотечниот фонд, нашата библиотека има и друга улога. Таа веќе стана простор каде се организираат и реализираат голем број на активности, се изведуваат разни предавања; презентации од речиси сите факултети од земјава. Училишната библиотека е и простор каде што не ретко се поминува и времето на слободните часови, исто така и простор кадешто учениците се подготвуваат за писмените работи, за натпревари и за матура.

Секоја година нашата библиотека го збогатува својот фонд со значителен број на книги. Библиотечниот фонд е збогатен и со спортска, историска и англиска литература, која редовно се користи од страна на нашите ученици. Вкупниот Фонд моментално брои 3787 книги. Меѓу нив се наоѓаат и дела на наши сегашни и бивши ученици, како на пример: Васил Божикалиев, Наташа Леова, Виолета-Сатори Бојковска, Марија Грубор и други.

Освен книгите што се застапени во наставните програми за гимназиско образование учениците може да го најдат и „Светото писмо“, „Македонска крвава свадба – 100 години подоцна“, „Зоја“, Граматика на македонскиот литературен јазик“, разни прилози од литературата, речници, историја на македонската книжевност и голем број на друга литература.

Од англиската литература пак, може да се најде и: The World book encyclopedija; ,,Lone Aegle”-Danielle Steel; ,,Iliad”-Homer; Snelley; Burnett; Eliot; Joyce; Wilkie Collins; Charles Dikens; Emily Bronte; Shakespeare; Mark Twain и други.

Од спортската литература имаме: ,,Прирачник за ракометни тренери“ ; „Фудбал“ ; „Обука на почетници“ ; изданијата „Физичка култура“ на Сојузот на педагозите за физичка култура на Македонија и друга стручна литература од оваа област.

Училишната библиотека е збогатена и со литература на албански јазик, како на пример ,,Koha e dhive”-Luan Starova; ,,Don Kishoti te shqiptaret”-Ali Aliu; ,,Klithima e ikarit”-Adem Gajtani итн. ,литература на турски јазик: ,,Kritika letrare; Bir demet sir; Bir deste oyun и др.

Како дел од активностите на училишната библиотека во учебната 2012/13 година се одржа средба на младите поети од гимназијата со поетесата Павлина Климкар Меанџиева во организација на одговорниот професор за библиотеката проф. Елеонора Игновска и во сорботка со стручниот актив по македонски јазик и литература. Покрај тоа овде се одржа и гостувањето на поетите Игор Чоков и Марта Маркоска, кои како дел од поетскиот караван на 45-те „Детски Рацинови средби“ го посетија нашето училиште.

Подготовките за претставата „Кротењето на опаката“, изведена по повод патрониот празник на училиштето се одвиваше во просторијата на училишната библиотека, исто така и подготовката за натпреварот во најдобра драмска интерпретација на делото „Чернодрински се враќа дома“ од Горан Стефановски.

Библиотечниот фонд и оваа година е збогатен со голем број лектирни изданија но и со слободна литература која редовно се користи од страна на нашите ученици. Освен лектирните изданија, на огромно задоволство учениците, тие имаат можност да користат и значителен број на литература на англиски јазик.

Богатството на библиотечниот фонд е тој што на учениците им дава поддршка на учениците и им помага да ја задоволат својата љубопитност кон нови знаења од многу области.