- 078 365 371
- 043/212-535
- ул.Благој Ѓорев 40, Велес
Во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес во учебната 2015/16година во I година ќе бидат запишани 238 ученици во 7 паралелки (204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за гимназиско образование.
Во учебната 2015/16 година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес, ќе се реализира експериментална програма за фудбал и ракомет според наставен план за спортска гимназија и посебно утврдени критериуми од МОН.
Услови за запишување:
Приемот на документи во првото пријавување во јунскиот уписен рок ќе се врши на 22 и 23 јуни 2015 година од 7 – 15 часот.
Резултатите од запишувањето ќе се објават на 24 јуни 2015 година.
Препорака– документите да не се праќаат по пошта, пријавувањето да го врши лично ученикот или родителот.
Учениците кои го завршиле основното образование во странство треба да достават нострифицирани документи.
Учениците кои ја повторувале годината со завршувањето на наставната година, да се запишат во првиот уписен рок.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот.
Директор
М-р Саше Андреевски
Мултикултурно училиште кое ги афирмира современите стандарди и димензии на образованието и воспитанието почитувајќи ги индивидуалните потреби на учениците