Збор на директорот

Училиштето Ве повикува да воспоставиме засилена соработка

Почитувани родители

Училиштето е втор дом на вашите деца, а наши ученици. Во наш заеднички интерес е да успееме да изградиме добри позитивни личности со високи морални човечки вредности. За таа цел Ви се обраќаме за соработка, заеднички да дејствуваме на подобрувањето на редовноста, исполнителноста и одговорниот однос на учениците кон училиштето и училишните обврски.

За полесно реализирање на заедничките цели, Наставничкиот совет постојано ги разгледува стратегиите за зацврстување и продлабочување на соработка со семејството, како многу важен фактор во вкупниот воспитно-образовен процес.

Затоа Ве повикуваме заедно да превземеме конкретни мерки и тоа:

  • Почести посети на училиштето од Ваша страна во определените приемни денови во попладневна смена во периодот од 15.55-16.15 во вторник за I и III година и во среда за II и IV година
  • Ваш индивидуален контакт со предметните професори во темините утврдени за таа цел, а истакнати во холот на училиштето
  • Посебно почитувајте ги поканите од страна на класните или предметните професори
  • Во секое време можете да се обратите за разговор, совет или стручна помош при одреден проблем кај психологот или педагогот во училиштето
  • Редовноста е многу важна за успехот на ученикот, затоа проверувајте ги изостанувањата на Вашето дете. За причините за изостанување од настава редовно информирајте го класниот раководител
  • Превземете мерки Вашето дете да недоцни на училиште
  • Имајте во предвид дека неоправданото, но и оправданото изостанување повлекува последици и по успехот и по поведението на ученикот
  • Доколку имате сознание дека Вашето дете потешко совладува одредени наставни содржини, поттикнете го за посета на дополнителна настава во училиштето
  • Инсистирајте Вашето дете редовно да ги носи учебниците и другиот наставен прибор со цел успешно да ја следи наставата
  • Наставничкиот совет на училиштетоособено ќе го цени трудот на учениците кои ќе постигнуваат резултати на натпреварите. Затоа поттикнувајте го Вашето дете да го почитува Куќниот ред, училишниот инвертар и Хигиената во училиштето
  • Во рамките на Вашите можности Ве повикуваме да се вклучите во активностите на училиштето ( едукативни, хуманитарни, културни, забавни, еколошки и спортски манифестации кои се од интерес на училиштето и заедницата )

УСПЕХ, НИШТО ПОМАЛКУ !