Презентација на корективно компезеторни вежби со реквизити
Во рамките на програмата по наставниот предмет Спорт и спортски активности, професорите ги запознааа учениците со реквизитите и вежбите за отстранување на деформитети и правилно држење на телото кај младите.
{besps}stories/ucebna2014_2015/prezentacija_vezbi_rekviziti/sliki{/besps}
Презентацијата на реквизитите во соработка со поканетите гости од Medicus help, се одржа во спортската сала на Гимназијата на 10 февруари 2015 година.
За демонстрација на вежбите беа ангажирани шест ученички, во присуство на сто и педесет ученици. Тие дознаа за начинот на употреба на реквизитите и користа кои ја добиваат преку нивната употреба.
Организатори:
Актив по Спорт и спортски активности