Визии и желби за Европа – модел на иднината на Европа
Во периодот од 27 февруари до 1 март 2015година, во просториите на СОУ ,, Гимназија Кочо Рацин ‘’ се одржа тренинг симулација на тема: „Визии и желби за Европа“ – модел на иднината на Европа.Симулацијата се занимава со формалниот процес на преговори за пристапување меѓу земјите – кандидатки, актуелните земји -членки на ЕУ и институциите на ЕУ.
{besps}stories/ucebna2014_2015/vizii_i_zelba_za_evropa/sliki{/besps}
Во рамките на овој тренинг симулација беа вклучени ученици од трета и четврта година од нашето училиште. Преку развивање на сопствени визии за регионот, како и за Европа, тие имаа можност да ги истакнат своите ставови и да ги искажат желбите и визиите за каква треба да биде Европа во блиска иднина од гледиште на средношколците.
Со заземање на ставови и позиции на специфични интереси, учениците стекнаа подобро разбирање за процесите и случувањата во Европската унија, која за нив стана потранспарентна, разбирлива и повеќе достапна.
Одговорни професори:
м-р Пале Трпкова
Рената Гашева