Штрајкот на велешките гимназијалци

DSCN0725
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОДБЕЛЕЖАНА 73 ГОДИШНИНАТА ОД ШТРАЈКОТ НА ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

Прославувањето на значајните историски настани секогаш претставува чест и задоволство. Тие не потсетуваат на нашата должност дека треба да останеме доследни на светите аманети на нашите предци и непоколебливо да продолжиме да чекориме по нивните стапки. Не потсетуваат никогаш да не заборавиме кои сме и која е нашата цел.

{besps}stories/ucebna2014_2015/strajk_gimnazijalci/sliki{/besps}

 

Гимназијата „Кочо Рацин“ во соработка со Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ и оваа година достојно го одбележа 14 Март – Денот на организирањето на Штрајкот на учениците од велешката Гимназија. Оваа година прославивме седумдесет и три години од бунтовниот 14 Март 1942 година, денот кога напредните младинци – Гимназијалци го кажале своето решително, не, на бугарските окупаторски власти.

За значењето на овој историски настан, неговата важност и неговиот одзив кај поширокото граѓанство говореше професорот по историја, Сашко Николовски.

Тој истакна дека и денес, после седумдесет и три години од штрајкот на Гимназијалците, како нивни доследни следбеници треба да го почитуваме тој светол момент и да не го заборавиме, бидејќи со тоа ќе избришеме мошне значаен момент од нашата национална историја.

Тој посебно го поздрави присуството на доктор Никола Стојанов, директен учесник во Штрајкот кој не почести со своето присуство.

Оваа година штрајкот беше одбележан со организирање на почесен марш кој го изведоа учениците од нашето училиште, а предводени од претседателот на Средношколската заедница, Војдан Каратрајков и претставниците на Средношколската заедница.

Тие преку маршот сакаа да ни ги доловат идеите и активностите на некогашните штрајкувачи да учат на мајчин јазик.

Во културно-уметничкиот дел од програмата настапија нашите ученици: во музичкиот дел: Марјан Ѓорѓиевски, Марија Мијакова, Стефани Алчева и Иван Милевски под менторство на професорот Стојанче Иванов. Во поетскиот дел од програмата, стихови од македонските родољубиви поети читаа учениците: Гордана Ивановска и Стефан Николовски. Програмата ја водеше Љубчо Јованов.

Стручен актив по македонски јазик и литература

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den