XXVII Државен натпревар по македонски јазик и литература
По освоеното прво место на регионалниот натпревар во Неготино и обезбедено учество на државниот натпревар, на ден 9.05.2015 година во утринските часови ученичката Наталијa Чанева од III-4 клас и нејзиниот ментор професорката Цветанка Карамаркова се упатија кон малото гратче Македонски Брод каде се одржа XXVII државен натпревар по македонски јазик и литература.
Воодушевени од убавата природа и реката Треска на чии брегови лежи самиот град, нетрпеливо ги очекувавме резултатите по одржаниот натпревар. На врвот од листата на која беа објавени победниците т.е. најдобрите беше и името на нашата ученичка Наталија Чанева.Таа со освоени 97 поени од вкупно 100 го освои првото место и го потврди фактот дека нашето училиште е секогаш меѓу најдобрите.
На ученичката Наталија Чанева и честитаме за освоеното прво место и и посакуваме уште многу вакви успеси, а на нашето училиште да продолжи со успесите и победите по кои е препознатливо.
Одговорен професор:
Цветанка Карамаркова