Отворен ден

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Отворен ден на „Гимназија Кочо Рацин“

Отворениот ден на училиштето е можност учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“ да ја покажат својата креативност и способност во различни области.

Во вечерните часови на деветнаесетти мај бевме срдечни домаќини на сите што дојдоа во нашиот училишен двор. Големиот број посетители беа добредојдени гости пред кои учениците од прва до четврта година го покажаа својот талент во областа на: музиката, спортот, ликовно-творечката уметност, литературата, природните и општествените науки.

{besps}stories/ucebna2014_2015/otvoren_den/sliki{/besps}

 

Присутните гости, потенцијалните гимназијалци, беа воодушевени од креативноста на нашите ученици прикажана преку изработените проекти изложени на штандовите

Целокупниот настан беше емитуван во живо на програмата на локалното 5 FM радио. Програмата имаше интерактивен карактер при што беше воспоставен директен контакт во живо со неколку некогашни ученици на Гимназијата, а денес успешни интелектуалци. Директен контакт на програмата на локалното радио 5 FM имаше и директорот на Гимназијата, м-р Саше Андреевски, кој со восхит и гордост ги поздрави присутните гости, а пред се учениците од основните училишта, истакнувајќи дека Гимназијата е местото каде што многу години наназад се воспитува и образува интелектуалното јадро на нашиот град.

На Отворениот ден на Гимназијата присуствуваа и претставници од повеќе државни и приватни факултети од Републикава.

Забавата беше составен дел од ова наше вечерашно дружење. Таа задача им ја доделивме на нашите ученици и покажавме дека умееме и знаеме да бидеме добри креативци.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den