Еднодневна екскурзија на учениците од прва година
На ден 21.05.2015 година учениците од прва година при Гимназијата „Кочо Рацин” беа во посета на градот Берово (Беровското Езеро), Виница и Штип, кои се во непосредна близина. Во два автобуса од околу 110 ученика, екскурзијата започна со посета на Виничкото кале. Виничко кале е утврдена населба од неолитот и доцната антика, со градби покрај градскиот бедем од IV-VI век целосно зачувани. Тоа се наоѓа на југозападниот брег на градот Виница, висок околу 70 м, покрај патот Виница – Лески.
{besps}stories/ucebna2014_2015/ekskurzija_prva_godina/sliki{/besps}
После разгледбата на археолошката дестинација, учениците во придружба на неколку класни раководители и медицинско лице се упатија кон својата втора дестинација- Беровското Езеро. Во склоп на посетата на Беровското Езеро, беше и разгледувањето на преубавиот комплекс Aurora Resort & Spa со поглед кон езерото. Aurora Resort & Spa е позициониран на самата кру¬на на Беровското Езеро, идеално вкл¬опен во природното опкружување на на¬далеку познатата беровска борова шума, на надморска височина од 1062 м, во срцето на еден од само четирите постоечки светски кислородни коридори
Прекрасна патека надвор од комплексот води кон браната на Беровското езеро, од каде од близу може да се види истото и природата што го опкружува. По неколкуте преубаво поминати часа покрај езерото, екскурзијантите се спуштија во градот низ кој направија мала прошетка и конечно ја добија малата пауза за ручек. Последното запирање беше направено во Штип, наменето за прошетка, но многумина од учениците седнаа во штипските кафиќи да се напијат кафе и како што велат тие да се подготват за патот кон дома. Се на се, екскурзијата ја поминаа добро, а може и да се каже одлично.Поминат еден прекрасен и незаборавен ден во смеа и дружба !