Тоше, во срце те носиме!
Гимназијалците, во Амфитеатарот при Младинскиот парк ,по вторпат, го одбележаа 16-ти октомври, ден кога трагично згасна, животот на дваесет и шест годишниот, Тоше Проески, големата музичка ѕвезда од нашата естрада.
Во негова чест и оваа година, учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“, Велес, под иницијатива на ученикот, Филип Настов и професорите- координатори, Магдалена Сарагинова, Јулијана Стумбова Михов и Атанас Зафиров, организираа хуманитарен настан и пригодна програма.
Преку перформансот, „Тоше, во срце те носиме!“, учениците го истакнаа животниот пат и дело на прерано загинатата македонска ѕвезда која гордо чекореше по музичката сцена.
Уживавме во перформансот и музичкиот колаж од врвните музички остварувања на Тоше, во изведба на учениците: Јана Пљокова, Изабела Жабева, Кристијан Мартинов, Марија Игнова, Марио Заеков, Сандра Јосмов, Андреј Димоски и учениците од училиштниот бенд: Филип Настов, Ива Ракиџиева, Михаил Петковски, Стојан Димовски, Кристина Станишева, Филип Андоновски, Ангел Богоевски, Андреј Цецев и Матеја Андреева.
Со своето присуство, настанот го збогатија, почитуваните: градоначалникот на општина Велес, г-дин Марко Колев, директорот на Гимназијата, Илија Попов, професори, родители, новинари, претставници од Македонската православна црква „Охридска архиепископија“, Здружението на пензионери, Велес, претставници од Јавното комунално претпријатие „Дервен“, Општинската организација „Црвен крст“, Велес, Општински ученички дом „Лазар Лазаревски“, ученици од основните и средните училишта од градот, фанови и почитувачи на ликот и делото на македонската национална гордост,Тоше Проески.