Програма за работа на Еко–одборот во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес за учебната 2023/2024 година

 

 

Цели

– Зголемување на еколошката свест

– Планирано дејствување во спроведување на ЕКО-активностите

– Интензивирање на тимската работа

– Сертифицирање на училиштето во ЕКО-училиште

– Задоволство од работењето во ЕКО-акции

– Разубавување на околината во училиштето

– Селектирање и намалување на отпадот

– Штедење на вода и енергија

– Поголема грижа за здравјето на луѓето

– Зајакнување на соработката со локалната заедница

– Зголемена соработка со бизнис секторот

– Зајакнување на партнерството со родителите

Методи и форми

Во текот на реализацијата на планот на активности ќе бидат користени најразлични методи и форми на работа, како и забавен и ефективен начин на работа. Најголем дел од активностите ќе ги спроведуваат ученици чија свест сеуште интензивно се гради, под менторство на своите наставници.

Средства и постапки

Училиштето ќе ги стави на располагање сите свои технички и просторни капацитети за успешна реализација на Еко-програмата.

Следење и вреднување

Критериум за вреднување ќе бидат стандардизираните индикатори, мониторингот од страна на МОН, БРО и ОХО. Континуирано ќе се врши внатрешно следење од страна на ЕКО-одборот. Предвидени се и презентирања од поширок карактер, медиумско покривање заради континуирано информирање на јавноста за ЕКО-активностите и секако вклучување на пошироката јавност во планираните задачи.

План на активности

 

АктивностиЦелиУчеснициВреме на реализацијаРесурсиОчекувани исходи 
Формирање на ЕКО-одбор за учебната 2023/2024 годинаНазначување на членови на ЕКО-одборЧленови на ЕКО-одборСептемвриПотврда за членство во ОдборотЗголемување на лична одговорност и подигнување на Еко-свеста 
План на активности и Еко-календарИзработка на План на активности и креирање на Еко-календар со планирани акцииЧленови на Еко-одборСептемвриАнализа на животната средина, Еко-стандардиИзработен план на активности и Еко-календар 
Изработка на Програмата за интеграција на Еколошката едукација во македонскиот образовен системИнтеграција на точките на акција(Еко-стандарди) во Годишната програма на училиштетоНаставнициСептемвриПрограма на интегрално планирање во наставатаНаставниците да интегрираат еко содржини во годишните планирања 
Усвојување на програмата на Еко-одборот за 2023/2024 годинаПрезентација на Наставнички совет и нејзино усвојувањеДиректор, координатор на проектотСептемвриПрограма за работа на Еко-одборот

Зголемување на лична одговорност

Усвојување на Еко-програмата

 
Информирање на Училишниот одбор и Советот на родители за активностите на Еко-одборотАктивирање на родителите во реализирање на проектотДиректор, координатор на проектот, наставнициСептемвриПрограма за работа, презентации

Зголемување на лична одговорност,

подигнување на Еко-свеста кај родителите; нови идеи за реализирање на проектот

 
Формирање на Еко-патролиВклучување на ученици во Еко-патроли за набљудување и организирање на Еко-акцииЕко-одбор, ученициОктомвриИзвештај од Еко-патролитеЕко-патролите да го контолираат и надгледуваат процесот на имплементација на Еко-активностите 

Отворање на Еко-катче

Уредување на Еко-катчеЕко-одбор, ученициОктомвриОгласна табла, Еко материјалиИнформирање на учениците и пошироката средина за Еко-активностите 
Еко-акции, активности и кампањиСпроведување на Еко-акции, активности и кампањиЕко-одбор, ученици, наставници, родители, локална самоуправаВо текот на целата година според утврдената динамика на активноститеИзвештаии од спроведени активности, акции и кампањиИмплементација на еко-активностите, зголемување на лична одговорност, подигнување на еко-свеста кај сите учесници во процесот 
Следење и евалуацијаСледење на реализираните активности од Планот на активности и евалуирање на постигнатите резултатиЕко-одборВо текот на годинатаЛиста за следење и евалуацијаСистематично следење и евалуирање на активностите со цел истите да се подобрат 
 
Еко-календар со планирани активности за учебната 2023/2024 година

 

 

Време на реализацијаАктивностНосителиОчекувани исходи
Август/СептемвриАкција: Одржување на хигиената во училишната зграда (реновирање на подрумските простории и средување на училишните клупи во дворот)Блаже Велковски, Јдранка Перкова, Венко Зафиров технички персонал и наставник по ликовна уметност Јулијана Михова СтумбоваОдржување на уредна и еколошки чиста средина во училиште и училишен двор и еко училница.

Септември

Светски ден на чистењето

Акција: Чистење на училишната зграда, училишниот двор и еко-училницатаСилвана Печкова,  ученициУредна и еколошки чиста училишна средина
ОктомвриАкција: Селекција на отпад (хартија, пластика и електроника)Елизабета Николовска, ученици

Уредно селектиран отпад и подигање на свеста за управување со отпад

ОктомвриПредавање: Болести на завиностЕлизабета Николовска, Силвана Печкова и активисти на црвен крстПодигање на свеста за  здрав начин на живот
НоемвриАкција: Ден на дрвотоСилвана Печкова,Елизабета Николовска и ученициЧист и уреден двор, садење на садници ,во соработка со ЈКП Дервен
ДекемвриАкција: Патронат на училиштетоЧленови на Еко-одбор, ученициПодигање на еко-свеста
26 Јануари – Светски ден на образованието за заштита на животната срединаПредавање: Улогата и придонесот на човекот во зачувување на животната срединаРадмила Ивчева,Бошко Караџов и Пале Трпкова и ученициПодигнување на свеста за здрава и чиста животна средина
ФевруариПредавање: Стимулација за учество во рециклирачките процесиНаставник по ликовна уметност, ученициПодигање на свеста за рециклирање на отпаден материјал
5-ти Март – Светски ден на енергетската ефикасностАкција: Ајде да заштедиме енергијаСлавица Спасевска,Драгана Тевчева, Кристина Николова и ученициПодигање на свеста за штедење на енергија
21-ви Март – Ден на екологијатаАкција: Литературен и  ликовен конкурсМагдалена Сарагинова и Цветанка Карамаркова ,  Наставник по ликовна уметност,   ученициПодигање на еко-свеста
27-ми Март – Час за нашата планетаАкција: Немаме резервна планетаЕлизабета Николовска, ученициПодигање на свеста за зачувување на нашата планета

7-ми Април

Светски ден на здравјето

Акција: БиоетикаПале Трпкова, Елизабета Николовска,  ученициЧување и одговорност на личноста за здравјето(зависности и заразни болести)
МајАкција: Чистење на дворотЛиндита Маликова и Благица Шопова АризановаЧист и уреден двор

     

Координатор

___________________

Елизабета Николовска

                                                                 

         Претседател

____________________ 

Силвана Илиева Печкова

Otvoren_den