Денот на ослободувањето на градот Велес
По повод 9-ти ноември, Денот на ослободувањето на градот Велес, на иницијатива на Училишната заедница при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ , се одржа поетско читање на кое учество земаа неколкумина ученици со свои творби посветени на нашиот град. Истите тие беа придружувани со инструментал од страна на ученикот Марин Наумовски од III-1 клас на гитара.
{besps}stories/ucebna2015_2016/9noemvri/sliki{/besps}
На настанот збор зема и претседателот на Училишната заедница, ученикот Саше Петров, кој упати честитки за празникот на градот и им се заблагодари на присутните. „Овој чин претставува минимално нешто што можеме да го направиме, но истиот е со големо значење за сите нас. Се надевам дека одбележувањето на овој ден ќе стане традиција и на идните генерации затоа што треба да знаеме и да се сеќаваме на оние кои се изборија за денес да живееме во слободен Велес.“ – порача претседателот на Училишната заедница, Саше Петров.