Дел од учениците, кои минатата година учествуваа на работилница од областа интерперсонални односи, успешно ги продолжија и ги реализираа планираните активности за оваа учебна година.
Учениците: Марија Костова, Ивана Јанкуловска, Андреј Митковски и Марко Коцев од II-3 клас, за време на класен час, реализираа работилница со цел да извршат дисеминација на тема: „ Како да не се изгубат пријателите“ од областа интерперсонални односи.
Учениците имаа можност да проследат интерактивна работилница, каде низ повеќе примери на интерперсоналнен однос во дадени ситуации ги открија причините и последиците за изгубеното пријателство. На крајот од работилницата, учениците дисиминатори на своите соученици им ја пренесоа пораката:„Доверлив интерперсонален однос е основа за добро пријателство“.