„Рациновите мугри, патот до светлата иднина“

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

„Рациновите мугри, патот до светлата иднина“

Традиционално, во чест на нашиот патрон, Коста Солев Рацин, Стручниот
актив по Мајчин јазик и странски јазици и проф. по Ликовна уметност,
распишаа литературен и ликовен конкурс за деветтооделенците и
средношколците од нашата општина и околината. Оваа година, темата за
создавање на поетски и ликовни творби беше „Рациновите мугри, патот до
светлата иднина“.

Наградите, беа доделени во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце
Делчев“. Присутните имаа можност да го погледнат снименото видео,
подготвено од библиотеката, а посветено на ликот и делото на
основоположникот на македонската поезија, Кочо Рацин.
На литературниот и ликовниот конкурс пристигнаа голем број на творби кои
ни докажаа дека младите генерации, умеат своите мисли и идеи да ги преточат
во пишани зборови.
Рациновите следбеници и денес со гордост ги изведуваат Рациновите
стихови.Ученикот Филип Настов, настапи со стиховите од песната „Ленка“,
преточени во музика.
Директорот на нашето училиште, господин Илија Попов, ги поздрави
присутните и ги додели наградите на талентираните ученици.

Наградени поетски творби, напишани на Македонски јазик
Категорија средни училишта:
Првата награда и припадна на, Јана Пљокова, ученичка од II-1 клас при СОУ
„Гимназијата Кочо Рацин“, ментор:Александра Стојановска;
Втора награда за Ана Јосифовска, ученичка во III год. при ССОУ „Димитрија
Чуповски“, ментор: Верица Николова;
Втора награда за Изабела Ѓурчиновски, ученичка во III-1 клас, СОУ
„Гимназија Кочо Рацин“, ментор: Магдалена Сарагинова;
Трета награда за Зорица Димовска, ученичка во I-3 клас при ССОУ Димитрија
Чуповски“, ментор: Љубинка Ртоска;
Трета награда за Елена Стојановска, ученичка во 1-4 клас, СОУ „Гимназија
Кочо Рацин“, ментор: Весна Павлова.

Категорија основни училишта:
На литературениот конкурс, учество земаа и деветтоодделенците од
основните училишта од градот и околината.
Првата награда му припадна на ученикот: Лука Ставрев, ученик од ПУ„Стојан
Бурчевски- Буридан“, с. Сујаклари, Велес, под менторство на Маја Стојанова;
Втора награда за Андреј Крајчев, ученик во ООУ „Кирил и Методиј“, ментор:
Анита Станинова;
Трета награда за Ивона Богдановиќ од ОУ „Стојан Бурчевски- Буридан“,
с.Иванковци, Велес, ментор: Мирјана Пановска.

Наградени поетски творби на Албански јазик се:
Категорија основни училишта:
Прва награда за Блерин Абдулаи од ОУ „Лирија“, ментор: Зулејха Незири
Втора награда за Анес Ферати од ОУ „Лирија“, ментор: Зулејха Незири
Категорија средни училишта:
Од СОУ„ Гимн. Кочо Рацин“, наградени се учениците:
Прва награда за Мерво Садикова;
Втора награда за Валмир Имеров;
Трета награда за Флора Синанова,
Сите ученици се под менторство на Линдита Маликова.

Наградени поетски творби напишани на Англиски јазик се:
Категорија основни училишта:
Прва награда за Јована Рогужарова од ООУ „Панко Брашнаров“;
Втора награда за Анабела Давевска од ООУ „Панко Брашнаров“;
Втора награда и за Матеј Наумовски од ООУ „Панко Брашнаров;
Трета награда за Елена Тасковска од ООУ „Панко Брашнаров;
Трета награда и за Јована Рогужарова од ООУ „Панко Брашнаров;
Сите ученици од ООУ „Панко Брашнаров“ се под менторство на Славјанка
Паунова Куцулова.

Од средните училишта наградени се:
Прва награда за Теодора Панова, ученичка во I-2 клас, ментор: Соња Трајчева
Втора награда за Емилија Трпкова, ученичка во IV год. при ССОУ „
Димитрија Чупевски“, ментор Биљана Бојчев;
Трета награда за Лилјана Андовска, ученичка од I-1клас, ментор: Соња
Трајчева.

Наградени творби напишани на германски јазик се:
Прва награда за Изабела Ѓурчиновски, ученичка од III-1клас ;
Втора награда за Кристијан Трајковски, ученик во II-2 клас;
Трета награда за Марко Чипевски, ученик во II-2 клас.
Сите наградени ученици се под менторство на Жанет Јанев- Сарагиновски.

Наградени творби напишани на француски јазик се:
Прва награда за Наталија Малчева, ученичка од IV-4 клас при СОУ „Гимназија
Кочо Рацин“;
Втора награда за Елена Коцева, ученичка од II-4 клас при СОУ„Гимназија
Кочо Рацин“;
Трета награда за Филип Андоновски, ученик од II-4 клас при СОУ
„Гимназија Кочо Рацин“.
Ментор на сите наградени ученици е Билјана Миланова.

На Ликовниот конкурс се наградени следниве ученици:
Категорија основно образование:
Прва награда за Вероника Велиновска од ОУ „Даме Груев“, с.Виничани –
Градско, ментор: Сашко Арсовски;
Втора награда за Јана Евтимова од ООУ „Васил Главинов“, Велес, ментор:
Снежана Стефановска;
Трета награда за Дарија Трајкова од ООУ „Васил Главинов“, Велес, ментор:
Снежана Стефановска;

Категорија средно образование:
Прва награда: Стефани Настова, ученичка од III-4 клас, при СОУ „Гимназија
Кочо Рацин“, ментор Јулијана Михова;
Втора награда: Марија Арсовска, ученичка од III-4, при СОУ „Гимназија Кочо
Рацин“, ментор: Јулијана Михова;
Трета награда за Мелани Сарагинова, ученичка ид III-3 клас, ментор: Јулијана
Михова

Оваа прилика ја искористивме да ги пофалиме и наградиме нашите најредовни
читатели и посетители на училишната библиотека. Тие се: Ива Бузалкова,
ученичка од III-1 клас; Кристијан Мартинов, Ина Јовановска, Тодор Пљаков,
ученици од втора година; Малена Настова, Миа Перкова, Елена Сараулева,
Бојана Најдовска, Теона Гаштарска, Ања Трајковска, ученици во прва год.
Голема благодарност, упатуваме до нашата сограѓанка, поетесата, Десанка
Николова, која за наградените ученици, донираше книги од нејзиното најново
издание „Македонствување“.
Овогодинешното доделување на наградите го заокруживме со песната „На леј
на леј“ во изведба на ученикот, Филип Настов.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den