Во рамките на активностите на Access Програмата, во месец ноември 2023
година, групата од Велес реализираше еднодневна посета на градот Скопје.
Активностите започнаа со посета на Планетариумот во Младинскиот културен
центар, каде се зборуваше за Сончевиот систем и Универзумот. Продолживме со
посета на Водно, уживајќи во природата и чистиот воздух, а потоа во
Сеизмолошката опсерваторија. Имавме можност да добиеме подетални
објаснувања за земјотресите и заштита од истите. Ни беа покажани интересните
мерни апарати, односно експонатите изложени во опсерваторијата. Денот ни
заврши со посета на кино Cineplexx, уживајќи во проекцијата на нов филм и
дружбата со Ассеss групата.
Access English Microscholarship Програмата е едукативно-образовна Програма за
изучување на англискиот јазик и американската култура, која се реализира во СОУ
„Гимназија Кочо Рацин” – Велес, во соработка со Македонскиот центар за
граѓанско образование (МЦГО), Скопје, а е финансиски поддржана од страна на
амбасадата на Соединетите Американски Држави.