Претставата „Дома“ селектирана за изведба на Меѓународниот фестивал на аматерски театри во Кочани
Талентот на младите гимназијалци, вљубеници во театарската уметност оваа година е награден со учество на реномираниот Меѓународен фестивал на аматерски театри кој се одржува во Кочани.
Нашите млади актери ќе ги покажат своите актерски способности на иста сцена на која што ќе настапат и претставници на аматерски театри од повеќе земји од Балканот.
Тие ќе ја изведат театарската претстава „Дома“ од руската авторка Људмила Разумовскаја која ја подготвија и изведоа по повод Денот на училиштето.
Им посакуваме успешен настап на драмскиот аматерски фестивал во Кочани.