Оваа година празнувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 Март, општина Велес го одбележа
со одржување на дебата на тема „Борба, НЕ кафана“, преку која се потенцираше суштината зошто
овој ден се одбележува еманципацијата на жената во општеството. Во дебатата беа вклучени сите
средни училишта во градот.Од нашето училиште дебатираа учениците: Ана Ѓуровска и Кристијан
Мартинов под менторство на професорката Милка Петровски.