ГИМНАЗИЈАТА ВО СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ВЕЛЕС
УЧЕСНИК НА 53. РАЦИНОВИ СРЕДБИ
СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, која со гордост го носи името на својот Патрон, и оваа година се вклучи во одбележувањето на 53. Рацинови средби со следните активности.
Чествувањето започна со положување цвеќе на споменикот на Рацин пред Гимназијата.
Во духот на чествувањето на ликот и делото на Рацин, а во соработка со општина Велес беше распишан литературен и рецитаторски конкурс
На литературниот конкурс пристигнаа околу педесет творби од учениците од средните училишта во Македонија
Учениците пројавија голем интертсе и за рецитаторскиот натпревар на кој се пријавија двесеттина ученици.
{besps}stories/ucebna2015_2016/53_racinovi_sredbi/sliki{/besps}
Жири комисијата во состав: Соња Карбева, Цветанка Карамаркова, Магдалена Сарагинова, а во координација на Весна Павлова ги разгледа пристигнатите творби и донесе решение наградите да им ги додели на следните ученици.
Првата награда на литературниот конкурс и припадна на ученичката Елена Костова од СУГС „Никола Карев“ – Скопје.
Втората награда жири комисијата им ја додели на ученичката Рената Пенчова од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип и ученикот Столе Каламадевски од СОУ „Никола Карев“ – Струмица.
Третата награда ја понесоа учениците Кристијан Јорданов и Кире Ацевски од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес.
Младите рецитатори се претставија пред публиката на пригодна свеченост која се одржа на 10 јуни 2016 година со рецитирање на триесет и првата дописка од „Антологија на болката“. Жири комисијата во состав: Васил Зафирчев, Весна Димитриевска – Бобевски и Зоран Љутков, го проследи нивниот настап и го соопшти своето решение.
Првата награда и ја додели на Рената Пенчова, ученичка од Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип.
Втората награда и припадна на ученичката Ивона Андовска, од СОУ „Гиманзија Кочо Рацин“ – Велес.
Со трета награда ја награди учениката Тијана Цикарска од СОУ „Ацо русковски“ – Берово.
Нашите ученици беа вклучени во уметночкиот перфоманс – Процесија „1000 свеќи за Рацин“ кој започна во Спомен куќата на Рацин, а заврши на Спомен Костурница.
На 13 јуни 2016 година, традиционалната посета на местото на погибијата на поетот и револуционер Рацин, достојно го заокруживме чествувањето на животот и делото на младиот поет и револуционер.
Делегација на професори и ученици секоја година го посетува Лопушник и во пазувите на убавата планина му оддава почит на својот патрон. Оваа година честа да му оддадат должна почит му припадна на Гроздан Вчков, професор по историја од Гимназијата Кочо Рацин и претставници од општина Велес.
Стручен актив по македонски јазик и литература