Латвија 2016
По самиот крај на учебната година, во периодот од 20.06.2016 до 27.06.2016, шест ученика од нашата Гимназија: Александра Мечкаровска, Горјан Марков, Дона Жарова, Игор Лазаров, Виктор Игнов и Паула Панова заедно со професорката Билјана Миланова беа дел од International Food Making LV, размена организирана од страна на нашата Гимназија во проектот Erazmus+.
{besps}stories/ucebna2015_2016/erazmus_latvija/sliki{/besps}
Истата се одржа во една од најубавите Балтички земји – Латвија. Уште при самото пристигнување во Рига – главниот град, се сретнавме со насмеаните гостопримливи лица на Латвиските организатори. Првенствено, нашата цел во оваа размена беше поблиску да се запознаеме со различните култури, традиции и кујни од пет земји на светот: Латвија, Азербејџан, Грција, Италија и се разбира Македонија. Ние бевме претставници на сите овие кујни и различни традиции. Секој ден исполнет со смеа, забава, дружење и позитивна енергија, секоја од земјите учеснички претставуваше дел од својата традиција и традиционална храна. Беше наша чест и огромно задоволство што ја имавме можеби единствената прилика да пробаме и помогнеме во подготовката на секоја посебно традиционална кујна. Латвијците како домаќини нивната храна ја подготвија и послужија во природа по која следуваше неколку часовно уживање на песочните плажи на Балтичкото Море. Покрај другото, бевме и дел од фестивалот кој беше организиран во чест на Денот на Рига. Беше прекрасно да се доживее убавината на Белите ноќи, токму во Латвија.
И покрај тоа што целта на оваа размена беше да се постигне спој и запознавање на различни култури, ние сме среќни што бевме дел од неа не само поради тоа, туку и пораи големиот број пријателства кои ги стекнавме. Заедно поминатите денови и ноќи со деца од овие земји е едно огромно искуство. Во оваа заедно помината недела остваривме спомени кои никогаш нема да избледат. По една недела од самиот почеток, по многу игри, смеења до солзи и неколку неспиени ноќи, за жал дојде крај на престојот во Латвија.
Бевме тажни, затоа што ова што токму што започна веќе заврши. Со насолзени очи моравме да се разделиме, но не со збогум, туку со поздрав дека ќе се видиме наскоро и тоа можеби уште ова лето..којзнае.