Парада на мирот

NASLOVNA
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Одбележување на Светскиот ден на мирот

На 21септември 2016 година мировните активисти,професори при СОУ„Гимназија Кочо Рацин“,заедно со своите ученици, ја реализираа четвртата Парада на МИРОТ .

4

 

Како претставник од проектот Мировно образование , од Првата детска амбасада-Меѓаши, присуствуваше Албулена Карага.

Една од главните пораки упатена до сите учесници и оние кои ја проследија Парадата беше пораката дека мир не е само отсуство на војна и воени дејствија. Мир е секојдневно градење на поправедно и похумано општество за сите, а особено за послабите. Мир е кога може да се потпреш на државните институции. Мир е почитување и радување на различностите. Мир е борба против сиромаштијата, мир е ненасилство и непокор. Мир е активен однос кон минатото, сегашноста и иднината и поттикнување на граѓаните и граѓанките на Република Македонија заеднички да дејствуваме и да се залагаме да изградиме мирно и праведно општество.

Оваа година беше распишан и литературен конкурс на тема: „Мирот е се што ни треба“ на кој пристигнаа околу педесет творби од учениците од основните и средните училишта од градот. Беа доделени и награди за најдобрите творби.Првата награда од основните училишта му беше доделена на ученикот Трајче Манев од ООУ„Васил Главинов“, ментор Елена Гунова , втората на Ивана Кичукова од ООУ „Блаже Конески, ментор Иванка Славкова,а третата на Ивана Мирчевска од ООУ „Кирил и Методиј„ ментор Даниела Митровска.Од учениците од средните училишта со награди се закитија учениците: Олгица Ончева од ССОУ„Димитрија Чуповски“,ментор Верица Николова која ја освои првата награда, Моника Тосевска од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“,ментор Магдалена Сарагинова ја доби втората награда,а третата награда му припадна на Горан Славков од ССОУ „Коле Неделковски“ ментор Цветанка Ѓакова Панова.Во категоријата на творби на мајчин албански јазик со награда се закити ученичката Фатмије Алили под менторство на Линдита Маликова.

Нашата парада, овој пат , беше збогатена со учеството на најмалите, иднината на нашата земја, децата од детската градинка „Димче Мирчев“.Тие со својата веселост и безгрижност ни покажаа дека светот треба да биде како нив, весел и безгрижен.

 

 

 

Одговорни професори за проектот Мировно образование

Подготвено од: Ангелина Додов и Соња Карбева

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den