Новинарска Лабараторија

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Новинарска Лабараторија

На 20.X 2016 год., во СОУ „Гимназијата Кочо Рацин“, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и „Нова Македонија“, организираа медиумска лабораторија.Новинарската лабараторија ја предводеа Александра Теменугова,новинар и професор на Високата школа за новинарство и Жарко Василевски, новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“. Модератор на јавниот настан беше професорката по македонски јазик и литература, Магдалена Сарагинова.На настанот присуствуваа и професорките Александра Стојановска и Весна Павлова, заедно со четириесетина ученици од прва до четврта година, заинтересирани за новинарско пишување.

{besps}stories/ucebna2016_2017/Novinarska_labaratorija/sliki{/besps}

 

На неколкучасовната работилница учениците се запознаа со тајните на новинарството, дознаа како се пишуваат вести, како работи една редакција, како се прави секција на содржините и кои се професионалните стандарди што треба да ги почитуваат новинарите. На интерактивната работилница, учениците вежбаа пишување вести, кои потоа истите ги презентираа пред присутните учесници.

Соработката со Високата школа за новинарство и со весникот „Нова Македонија ќе продолжи и во наредниот период. Учениците од Гимназијата, заедно со одговорната професорка, модератор, ќе објавуваат текстови, во првиот средношколски весник „Медиум“, кој излегува последниот четврток во месецот, како подлистокот на „Нова Македонија“.Заинтересираните ученици, ќе пишуваат за актуелни настани, организирани во училиштето и надвор од него и тоа во неколку рубрики.

Овој настан се организираше во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ при што Школата и дневниот весник секој месец ги посетуваат училиштата низ Македонија, држејќи предавања за новинарство и за медиуми.

 

Oдговорен професор Магдалена Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den