Денот на Пи
Денот на Пи (π) претставува ден кога математичарите ширум светот ја одбележуваат важноста на најпознатата математичка константа.
Денот во математичкиот свет се слави секој 14 март, бидејки ако го напишете датумот во облик на м.дд тогаш се добива наједноставната апроксимација на бројот π: 3,14.
Пи (сим. π), Лудолфов број или Архимедова константа е ирационалeн број, кој го претставува односот на обиколката на една кружница со нејзиниот дијаметар во Евклидовата геометрија
Бројот π има широка употреба во математиката, физиката и инженерството, но се употребува и во други науки.
{besps}stories/ucebna2016_2017/pi/sliki{/besps}
И нашите Гимназијалци денес го прославија денот на π, кој се совпаѓа и со роденденот на Алберт Ајнштајн, преку низа активности. Учениците од македонска и албанска националност, преку проектните активности, изработија креативни постери, беџови, флаери и видео презентација. На крај учениците и наставниците ментори денот го прославија со Пи торта.
Стручен актив по математика