Турнир во одбојка на песок
На ден 15.09.2017 год во организација на невладината организација ЗГ Заеднички соживот од Велес и активот по Спорт и спортски активности од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ во Градскиот парк се организираше турнир во одбојка на песок во машка и во женска конкуренција за ученици од средношколска возраст. Основна цел на овој спортски проект беше сите средношколци од различна етничка заедница да се рамноправни, да се дружат и да се развие натпреварувачкиот дух кај учениците. Под менторство на професорите по Спорт и спортски активности Петре Петрушевски и Илија Попов, во женска конкуренција нашите ученици Вероника Атанасова (3-3 клас) и Мартина Димовска (3-2 клас) го освоија првото место, додека Ана Зафирова (3-2 клас) и Лилјана Хаџи-Наумова (3-3 клас) го освоија второто место. Од нашето училиште учествуваа и други ученици: Елена Димова (2-2 клас), Михаела Димовска (2-2 клас), Славица Ацева (2-2 клас), Пале Зврцинова (3-3 клас), Валерија Иванова (3-3 клас), Давор Алексов (3-2 клас), Флоријан Кочовски (3-2 клас), Љупче Шакиров (3-1 клас), Филип Настовски (3-2 клас), Давид Нацев (3-2 клас) и Горан Велковски (3-1 клас).
{besps}stories/ucebna2017_2018/odbojka/sliki{/besps}
За сите ученици имаше маички, за најдобрите одбојкари и одбојкарки имаше пехари, а како помош во добрата организација Активот по спорт и спортски активности од нашата Гимназија доби благодарница. Големиот број ученици кои се пријавија покажува дека овој спорт зема се поголем замав и има голем интерес и желба да се развива кај младата популација. Горди сме на нашите ученици и им честитаме за учеството и за одличниот успех.
Актив по Спорт и спортски активности