АКТИВНОСТИ НА АКТИВОТ МАТЕМАТИКА И ИНФОРМАТИКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

АКТИВНОСТИ НА АКТИВОТ МАТЕМАТИКА И ИНФОРМАТИКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА УЧИЛИШТЕТО

Како дел од активностите за одбележување на јубилејот 160 години гимназиско образование и Денот на училиштето, на ден 22.11.2017 година (среда), Активот по математика и информатика организираше квиз од областа на математиката .

{besps}stories/ucebna2017_2018/infomat/sliki{/besps}

 

На квизот земаа учество ученици од прва до четврта година кои ја сакаат математиката и со трудољубивост и упорност тежнеат кон подлабоки математички знаења и вештини.

Со цел мотивација на учениците на квизот „Бувко“ беа содржани реални проблеми и асоцијации, кои ги поттикнаа учениците на размислување и ја подигнаа нивната креативност.

Како најдобра екипа во решавањето на математичките проблеми и асоцијации од математиката, беше екипата во состав: Ива Донева I година, Лука Машковиќ II година, Кристијан Ѓорѓиев III година, Дамјан Димитров IV година. На победничката екипа им беа доделени дипломи, а на сите учесници пофалници за учеството.

Честитки за најдобрите, за сите учесници и нивните професори ментори од Активот математика и информатика.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den