Медиумски ден – медиумска писменост
Секојдневната атмосфера во новинарските редакции на медиумите имаа можност да ја почувствуваат осумдесетина ученици од осум средни училишта во Македонија. Тие заедно со нивните професори беа дел од Медиумскиот ден кој го организира Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“ , што го реализира во партнерство со дневниот весник „Нова Македонија“ и со Институтот за различности во медиумите од Лондон.
{besps}stories/ucebna2017_2018/medium/sliki{/besps}
Средношколците од Велес, Неготино, Скопје, Свети Николе и Кратово посетија повеќе печатени и електронски медиуми во земјава, како ТВ21, МРТ, Нова Македонија, Радио МОФ и Макфакс.
Десетте ученички од нашето училиште: Даниела Николовска, Тамара Велкова, Сајма Лековиќ, Марија Богоевска, Ива Донева, Дина Мирова, Паола Кадиева, Габриела Лескова, Памела Дебарлиева и Марија Мирова, заедно со нивната професорка Магдалена Сарагинова ги посетија трите медиумски куќи: Радио МОФ, Нова Македонија и ТВ21.
Идејата за организирање на овој настан е младата публика да се запознае со улогата и функцијата на медиумите во едно општество. Новинарите и уредниците домаќини, успеаја преку примери да им покажат како работи една редакција, како изгледа работен ден на еден новинар, како изгледа техничката опрема, собите за монтирање на прилозите и студијата од каде се емитуваат вестите и емисиите. Тие имаа можност да слушнат од главната уредничка на ТВ21, г-ѓа Билјана, како се водат дебатни емисии во живо и како да се препознаат лажните вести. Нашите храбри ученички, Марија и Габи, имаа можност да презентираат вести, читајќи го текстот од т.н. „идиот“ кој е монтиран кај објективот на камерите.
Во првиот печатен медиум, Нова Македонија, учениците видоа како се уредува една страница во весник, односно како се редат текстот, фотографиите, графиките и како се бира ударниот наслов на почетната страна. На главниот влез на медиумската куќа не пречека заменикот на главниот и одговорен уредник Маријан Василевски кој со задоволство даваше одговори на поставените прашања од страна на учениците од двете училишта.
Заинтересираноста на учениците за време на посетите не беше ништо помала ниту во „глувата соба“ во Радио МОФ. Љубопитните ученички, Габи и Дина, седнаа зад микрофоните и во живо го раскажуваа почетокот на нивниот ден.
По посетата во редакциите, учениците, учествуваа и на интерактивното предавање за производството на видео игри со Петар Котевски во хотел „Холидеј Ин“.
Медиумскиот ден, оваа година се одржа по вторпат, а нашето училиште оваа година прв пат зема учество, но се надеваме дека организаторите ќе успеат во своите намери, овој ден да прерасне во традиција.
Одговорен професор: Магдалена Сарагинова