Oдбележување на денот на раѓањето на патронот на нашето училиште Коста Солев Рацин

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Oдбележување на денот на раѓањето на патронот на нашето училиште Коста Солев Рацин

Секоја година нашата Гимназија со гордост го чествува денот на раѓањето на нашиот патрон, Коста Солев Рацин. Неговото име и дело се длабоко врежани на најзначајните страници на македонската поезија и историја. Тие не задолжуваат никогаш да не ја заборавиме нашата обврска, на пригоден начин, да му оддадеме почит на големиот поет и револуционер.
Затоа , во пригоден поетско –музички колаж, ги испреплетовме стиховите на Рацин и за Рацин и уште еднаш се потсетивме каков поетски великан е нашиот патрон и сограѓанин.
На почетокот на поетската вечер учениците Дино Јанакиев и Петар Андреев настапија со интерпретација на Рациновите песни со социјален мотив: „Татунчо“ и „Печал“.
Во нашето училиште настава следат и ученици на кои мајчин јазик им е албанскиот.Ученичката Кујтиме Мустафова ни долови како звучи песната „Денови“ на албански јазик.

{besps}stories/ucebna2017_2018/odbelezuvanje/sliki{/besps}

 

Од космополитизмот на Рациновата поезија биле фасцинирани голем број на преведувачи. Ги слушнавме поетските творби на Рацин преведени на: англиски, француски и германски јазик.
Ученичката Славица Ацевска ја прочита антологиската балада „Ленка“ на англиски јазик.
Како звучат песните: „Ленка “, „Печал“, „Утрото над нас“, „Денови“ и „Проштевање“ на француски јазик ни доловија учениците: Филип Димковски, Талија Ѓорѓиева ,Тамара Трајановска и Михаил Павлов.
Учениците: Веронија Кодовска и Лука Машковиќ ја рецитираа песната „Денови“ на германски јазик.
Стихови од Рациновата стихозбирка „Антологија на болката“ рецитираа учениците: Сара Таратакова , Кире Ацевски и Амела Кицара.

Денот на Рациновото раѓање го одбележавме и со грст стихови на младите поети од нашата Гимназија. Младите поети – гимназијалци, Рацинови доследни следбеници: Александра Мечкаровска, Ленче Ѓорѓиова, Талија Ѓорѓиева и Сајма Лековиќ прочитаа литературни творби инспирирани од својата љубов кон татковината, од ликот на Рацин и од неговата безвременска поезија. Преку својата поезија, тие ја упатија до нас пораката дека космополитизмот, вткаен во Рациновата поезија, сеуште зрачи со својата инспиративност и претставува мотив за нови поетски изблици.

Во музичкиот дел од програмата Рациновата балада „Ленка“, на музика на познатиот македонски пејач и композитор Зафир Хаџиманов, ја изведоа: Пале Ѕврцинова и Ева Димитриева.
Композиција „Две лири“ од Каролина Гочева ја слушнавме во изведба на: Мери Спирова и Сара Атанасова.

Поетско –музичкото чествување заврши со изведбата на прекрасниот дует на нашиот прерано изгубен Тоше Проески и Каролина Гочева ,„Немир“ во изведба на: Мартина Арсовска и Иван Милевски. Во музичка придружба на клавијатури на сите изведувачи настапија учениците: Кире Ацевски и Иван Милевски.

Програмата ја водеа учениците : Кристина Ончева и Петар Андреев. Настанот го организиравме во просторот кој најмногу му прилега на Рацин , училишната библиотека.
Поетскиот дел од програмата го подготвија професорите од Стручниот актив по македонски јазик и литература и Стручниот актив по странски јазици, а за музичкиот дел се погрижи професорот по музичка уметност Атанас Зафиров.

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den