Тренинг на тема: „Врсничко насилство – булинг“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Тренинг на тема: „Врсничко насилство – булинг“

Во рамките на Програмата за Мировно образование, а во организација на Првата детска амбасада – Меѓаши, во периодот од 17 до 20 јануари во хотелот „Аурора“, Берово се реализира тренинг на тема „Врсничко насилство – булинг“.

{besps}stories/ucebna2017_2018/trening/sliki{/besps}

 

На тренингот од нашата гимназија, учествуваа професорите, членови на Тимот за Мировно образование: Мимоза Костоска, Гордана Саздова, Магдалена Сарагинова, Цветанка Карамаркова, Славица Спасевска, Елизабета Николовска и Елеонора Игновска, како и професори во гимназиите од Виница, Скопје, Дебар и Гостивар.

Темата предизвика голема заинтересираност кај присутните професори, зашто во нашето секојдневие се повеќе се сретнуваме се различни видови на насилства меѓу учениците/ чките.На тренингот се дискутираше за насилствата во училиштата, за меѓуврсничките насилства, за Сајбер булинг, за што беше проследен и филмот „Обележани“.Беа разгледани и дискутирани правилата за комуницирање на социјалните мрежи, чекорите на интервенција и превенција од булинг: превенција на лично ниво, на ниво на паралелка, на ниво на училиште како и превенција со вклучување на родители.На крајот од тренингот, секое училиште изработи акционен план со планирани активности за наредниот период, кој потоа беше презентиран пред присутните.

Се надеваме дека со несебично споделените знаења и искуства на тренерскиот тим во состав на психолозите:Ана Попризова, Гордана Блажевска Спиридонова и Блерим Јашари како и со многуте животни приказни споделени од присутните професори, заеднички ќе се успееме да влијаеме на намалување на врсничкото насилство.

Одговорeн професор:Магдалена Сарагинова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den