ТРЕНИНГ НА ТЕМА: „ВОВЕД ВО УЧИЛИШНАТА МЕДИЈАЦИЈА“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ТРЕНИНГ НА ТЕМА: „ВОВЕД ВО УЧИЛИШНАТА МЕДИЈАЦИЈА“о

Тренинзите организирани од Првата детска амбасада „Меѓаши“ продолжуваат и во второто полугодие, од учебната 2017/18 година.

{besps}stories/ucebna2017_2018/medijacija/sliki{/besps}

 

На 31.01.2018г. во хотел „Порта“- Скопје, беше одржан тренинг на тема: „Вовед во училишната медијација“. Обучувач на истиот беше Софија Коцева, советник во Бирото за развој на образованието.

 

На обуката се дискутираше за поимот медијација – што е училишна медијација и кои се придобивките од неа, за што беше проследен и краток филм. На обуката се коментираа основните човекови потреби, за кои беше изведена и работилница: Ранец за преживување. Се дискутираше и за Мировното образование во училиштата, за поставеноста на медијацијата како техника во проектните активности (Мир, толеранција и заштита, Урбана култура и Граѓанска култура) како и на слободните часови во училиштето. Од страната на обучувачот беа презентирани шестте чекори на медијацијата кои потоа беа применети во вежбата: Медијација – играње улоги, во која учество земаа: в.д. директорката Мимоза Костоска (во улога на родител) , педагогот Бранка Донева (во улога на медијатор) и професорката Магдалена Сарагинова (во улога на професор).

 

На тренингот учествуваа професори од Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, СОУ „Ванчо Прке“ од Виница, од СОУ „Зефљуш Марку“ од Скопје како и одделенски наставници од две основни училишта од Скопје. Од нашата Гимназија учество земаа: в.д. директорката Мимоза Костоска, педагогот Бранка Донева и професорите Магдалена Сарагинова, Цветанка Карамаркова, Елизабета Николовска и Елеонора Игновска, сите членови на Проектот Мировно образование.

 

Одговорeн професор:Магдалена Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den