Едукација на тема ,,Крводарителството кај младите –доброволно дарување на крв“
Црвениот крст на Република Македонија има интерес и капацитет да развива организациони и едукативни можности за дисеминација. Во тие стратешки рамки, Општинскиот Црвен крст на ден 18.11.2017 во просториите на Гимназијата ,,Кочо Рацин“ организираше едукација на тема ,,Крводарителството кај младите –доброволно дарување на крв“.
{besps}stories/ucebna2017_2018/akt_crven/sliki{/besps}
Мотиватор и едукатор на ова предавање беше професор Елизабета Николовска, која ги запозна учениците од трета и четврта година за организираните форми на дејствување на крводарителите, што претставува крводарителството, кој може да дарува крв, запознавање со крвта и крвните елементи , а преку дискусија, прашања, спотови и филмови се поттикнаа учениците за доброволно дарување на крв со цел да се спаси нечиј живот. Истовремено со ова предавање се подигна и свеста кај младите за крводарување и позитивен однос спрема хуманите вредности и толеранцијата.
Одгворни професори: Елизабета Николовска и Петре Петрушевски