На ден 29.11.2024, Гимназијалците од општествено – хуманистичкото подрачје заедно со професорот по право Пале Трпкова, беа во посета на Собранието на Република Македонија , имаа можност да се запознаат со историјата на зградата, внатрешноста и најрепрезентативните простории во неа, како и со организацијата и функционирањето на оваа институција.